Хаос во Словенија: Марјановиќ сакаше да се тепа со навивач, Дончиќ го спречи (ВИДЕО)

502

Едноставно изгледа неверојатно, но еден од навивачите на Крка успеа толку многу да го изнервира Бобан Марјановиќ. Откако беше исклучен во текот на четвртата четвртина од натпреварот, почна да покажува со прст кон трибините, сакајќи да влезе таму и да се тепа со непознато лице.

Во еден момент, тој почна да ја поместува оградата и веќе се упатуваше кон трибините, само што обезбедувањето и Саша Дончиќ, кој е задолжен за Илирија од Љубљана, спречија понатамошна ескалација.

Пред да биде исклучен од играта, Марјановиќ успеа да постигне дабл-дабл од 12 поени, 15 скока и две асистенции за 26 минути на теренот.

Крка на овој меч славеше со 97-74.

ПретходноСтоле после победата над Барса: Штета што победата не беше комплетна!
СледноПогледнете го контроверзниот прекин: Усик едвај ја одбрани титулата против дебитантот (ВИДЕО)