Кадетите на Пролет се шампиони на Македонија

31

Тинекс Пролет се закити со титулата кадетски шампион на Македонија. Две тешки победи за помалку од осум часа против Охрид и Мулти Есенс.

Противник во полуфиналето беше кадетскиот тим на Охрид, над кого Пролет славеше со со 34-25. Победникот беше решен во одличното прво полувреме што Тинекс Пролет го доби со 16-8, водство што рутински беше задржано до самиот крај. Костов со пет гола беше најефикасен во тимот на Тинекс Пролет, а по четири погодоци постигнаа Јовиќ, Црцаревски и Симовски.

Во финалето ракометарите на Пролет славеа против Мулти Есенс со 37-34. Голема скопска битка во Битола донесе резултатски пресврт, на паузата резултатот беше 13-17.

Костов беше прв стрелец и во големото финале со осум постигнати погодоци, додека по седум гола постигнаа Лешниковски и Дамчевски, додека Јовиќ го заврши мечот со пет гола.

ПретходноПелистер се засили со средниот бек Омер Мехмедовиќ
СледноАлегри: За жал, ова е спорт, мора да го прифатиме тоа!