Фиорентина го поставува Фабио Гросо за нов тренер

77

Откако сезонава едвај избори опстанок во Серија А, и откако имаше проблеми од секаков вид, тимот на Фиорентина ќе се пбиде следната да ја започне со нов тренер. Иако сегашниот, Паоли Ваноли има договор до 30 јуни, сепак, раководството на клубот веќе наголемо преговара и договара негова замена.

Па така, италијанската јавност ексклузивно го промовира за нов кормилар на тимот од Фиренца, легендарниот Фабио Гросо.

Некогашниот репрезентативец на Италија, кој во моментов е кормилар на Сасуоло, но неговите денови исто така се избројани таму. Информациите велат дека тој сака да води клуб на повисоко ниво, па тука влегува во игра токму Фиорентина.

Контактите се веќе воспоставено, и можна е потврда на оваа информација веќе во следните десетина дена.

 

ПретходноУрнат рекордот на Никола Јакимовски, Јавор продаде играч за 2.2 милиони евра
СледноДе Ла Фуенте: Не бирам репрезентативци според клубот каде што играат