Македонија се собра по повод пријателските мечеви со Босна и Турција

131

Македонската фудбалска репрезентација денеска во стандардната база во Хотелот Хилтон, ја обави прозивката по повод претстојните пријателски средби против селекциите на Босна односно Турција на гостински терен.

Селекторот Гоце Седлоски, ги повика репрезентативците за мечевите кои што се играат на 29 мај во Сараево, односно на 1 јуни во Истанбул.

Ќе спарингуваме со селекции кои што се дел од претстојниот Мундијал, и кој што се подготвуваат за најголемиот фудбалски турнир на планетава.

Имаме доста дебитанти пред се од нашиот домашен шампионат, како што се играчите на Вардар, Азер Омерагиќ, Георгије Јанкулов, и оние на Силекс, Анѓелески и Додев.

ПретходноКочани е домаќин на големиот спортски настан „Денот на спортот“
СледноАломеровиќ: Секому е сон да е дел од А националниот тим, имаме добри два тест дуели пред нас