Македонскиот национален фудбалски тим, претпладнево го одржа собирот по повод пријателските дуели против Босна односно Турција. Првиот е закажан за 29 мај во Сараево, додека пак против Турција играме на 1 јуни во Истанбул.
Селекторот Гоце Седлоски за оваа прилика се одлучи за поголем број на стандардни играчи но и неколку дебитанти пред се од домашниот шампионат.
Тука се пред се Дин Аломеровиќ од Ута Арад, Романија, па следуваат вардаровите првотици, Давор Талески, Георгије Јанкулов, Бобан Николов и Азер Омерагиќ. Повик заслужија и силексовите Додев и Анѓелески.
Предмалку Макеонија го започна и премиерниот тренинг за оваа кампања што се вели, на комплексот Петар Милошевски во Скопје.
Во домашни услови ќе се работи до четврток, а потоа се заминува за Сараево.













