Нереални сцени од Краков: Висла се врати во елитата!(ВИДЕО)

80
ФОТО:.facebook.com/WislaKrakow/

Нереални сцени ни доаѓаат од улиците на Краков. Полскиот гигант Висла се врати во елитната лига по четири години таворење во втората лига, а бројни навивачи на овој клуб можеа да го прослават тоа како што доликува.
Десетици илјади навивачи на Висла се собраа на главниот градски плоштад, кои создадоа незаборавна атмосфера… Висла го победи Погон со 2:0 во неделата вечерта и стави крај на одличната сезона, и тоа пред второпласираниот Шљонск за девет бода разлика. Прославата започна на стадионот, а подоцна се пресели на улиците на Краков, со епицентар на најголемиот средновековен плоштад во Европа. Висла од Краков е еден од најпопуларните и најуспешните полски клубови – 14 шампионски титули (последната во 2011 година) и пет национални купови (последниот во 2024 година). Пред неколку години се најде на работ на банкрот, но успеа да се извлече и да се врати таму каде што припаѓа.

Да потсетиме дека за Висла Краков во периодот 2013-2015 натапуваше нашиот поранешен репрезентативец Остоја Стјепановиќ.
Интересно е што овој успех дојде во годината кога клубот слави 120 години постоење…

ПретходноБоби Милевски прв пик за тренер на Шкендија!
Следно“Бомба“ од Шпанија: Обрадовиќ на клупата на Барселона?!