Интересно: И Компани на прошталната журка на Пеп во Сити!(ВИДЕО)

94
ФОТО: FC Bayern München/FB

Винсент Компани,стратегот на Баерн Минхен, кој ја освои двојната круна во Берлин пред само две вечери со освојувањето на финалето на Купот на Германија против Штутгарт, присуствуваше на церемонијата во Манчестер по повод заминувањето на Пеп Гвардиола од Сити.
Успешната сезона во Баерн не го спречи Компани да оди во Манчестер, помалку од 48 часа по триумфалната вечер во Берлин, за да присуствува на церемонијата на збогување на тренерот со кого соработуваше три години на достоинствен начин.
Особено импресивно беше кога се појави со трофејот од Премиер лигата, што доби овации од навивачите на Сити бидејќи ја препознаа важноста на Винсент за овој клуб.

ПретходноВардар потврди: Продолжени договорите со Велковски и Николов!(ФОТО)
СледноЕмини: БиХ и Турција се сериозни тестови, мора максимално да ги сфатиме двата натпревари