Ираола е прв „пик“ на Милан, Ибра го фаворизира Чави

94

Милан му понудил на Андони Ираола договор до 2029 година со плата од 4 милиони евра годишно, за да стане нов тренер на „росонерите“. Според новинарот Николо Шира, шпанскиот специјалист е фаворит на „росонерите“ за преземање на функцијата главен тренер. Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето.

Тој доби уште три понуди – од Кристал Палас, Њукасл и Баер, но засега нема конкретен план за тоа каде би ја продолжил карирата. Милан во опција го има и Чави Ернандез, за кого се зборува дека е фаворит на Златан Ибрахимовиќ.

ПретходноАлварез му соопштил на Атлетико дека сака да направи трансфер во Барселона
СледноГо продадоа за 6 милиони евра, сега си го враќаат за џабе