Ни Халанд, ни Мбапе: Се знае кој е “Златна копачка“ во Европа!

65
ФОТО: FC Bayern München/FB

Хари Кејн обезбеди уште една престижна индивидуална награда, водејќи го Баерн до двојна круна во Германија. Хари Кејн ја освои „Златната копачка“ откако постигна 36 гола во Бундеслигата за Баерн минатата сезона, настап што ги надмина сите ривали низ Европа. Англискиот напаѓач заврши на врвот на листата на стрелци со 36 гола, собрајќи 72 поени и оставајќи го Ерлинг Халанд далеку зад себе. Напаѓачот на Манчестер Сити и добитник на „Златната копачка“ за сезоната 2022/2023, постигна 27 гола (54 поени). Третото место му припадна на Килијан Мбапе. Французинот постигнаа 25 гола (50 поени). Претходната сезона, напаѓачот на Реал беше најдобар стрелец во Европа со 31 гол. Иако Виктор Ѓокереш го надмина со 39 гола во домашното првенство, Швеѓанецот сепак беше член на Спортинг од Лисабон, па поради коефициентот на португалското првенство од 1,5 можеше да заврши само на второто место. Листата на најдобрите осум ја заокружуваат Дион Бељо, Ведат Муриќи, Игор Тијаго, Луис Суарез и Естебан Лепол. Следниот напаѓач од Бундеслигата е на деветтото место – Дениз Ундав, кој постигна 19 гола (38 поени) за Штутгарт.

ПретходноНад 2.000 детски насмевки и одлична атмосфера во Кочани на „Денот на Спортот“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНеверојатно: Играчи на Арсенал и Тотенхем заедно прославуваа!(ВИДЕО)