Ова се “бомбардерите“ во ПМФЛ: Компаоре, Малески, Омерагиќ…

93
ФОТО: FC Struga/FB

Вчера и официјално заврши 34-тиот шампионат во ПМФЛ во самостојна Македонија. Вардар е шампион по 12-ти пат, а од лигата испаднаа три скопски екипи, некогашни шампиони, Македонија ЃП, Работнички и Шкупи.

Кога сме кај головите и листата на стрелците, се чини по првпат откако игра во ПМФЛ, на врвот или при врвот го нема Бесарт Ибраими кој со 228 голови е најдобриот стрелец во историјата, но во оваа сезона, која штотуку заврши се најде на делба на петтата позиција со „само“ единаесет голови.

Кралот“ на стрелците е Басиру Компаоре со 17 погодоци, иако напаѓачот на Стрига ТЛ не ја одигра речиси половина од пролетната полусезона. На второто место со 16 голови е неговиот клупски колега Христијан Малески, додека на третото место е Азер Омерагиќ од Вардар со 14 голови.

Интересно, Мато кој играше само есеноска за Вардар и во ПМФЛ, заврши на делба на 4.место со 12 голови.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ЗА СЕЗОНАТА 2025/26

17-Компаоре (Струга ТЛ)

16-Малески (Струга ТЛ)

14-Омерагиќ (Вардар)

12-Аворнио (Башкими), Мато (Вардар), Тамба (Шкендија), Ндзенгуе (Шкендија)

11-Ибраими (Шкендија), Пиреш (Силекс), Шефити (Арсими), Закариќ (Вардар)

10-Булатовиќ (Пелистер), Мирчевски (Силекс), Мухарем (Работнички)

9-Цветковиќ (Вардар)

8-Алиќ (Силекс), Красниќи (Шкендија), Радески (Струга ТЛ), Стојанов (Тиквеш)

7-Алексовски (Башкими), Љатифи (Шкендија), Садик (Тиквеш), Шабани (Струга ТЛ), Сила (Тиквеш), Величковски (Брера)

ПретходноМанчестер Сити го испрати Пеп со парада и проштална забава, видео – повик и од Мајкл Џордан!(ВИДЕО)
СледноЕлмас пристигна синоќа, со Серафимов денеска се комплетираме