ВЛТ НАВИВА: ШАМПИОНОТ ВАРДАР ВЕЧЕРВА ВО ДУЕЛ СО РК БУТЕЛ

52

 

Македонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 вечерва го игра последниот натпревар од сезоната, натпревар што ќе биде круна на уште една шампионска приказна.No description available.

Во рамки на завршното коло, Вардарци денес, 27 мај (среда), со почеток од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански” – големата сала, ќе се соочат со екипата на РК Бутел.

На крајот од натпреварот, Ракометна Федерација на Македонија официјално ќе го додели шампионскиот пехар на Вардар, рекордна 16-та титула шампион на Македонија, потврдувајќи ја доминацијата на клубот и неговото значајно место во македонскиот спорт.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија и вечерва стои зад шампионите, верувајќи во нивниот победнички дух, страст и борбеност до последниот свиреж. 

Навиваме за шампионите, за Вардар. За уште една победа.

ПретходноАртета (не)оправдано го отпиша, а сега може да биде во – Барса?
СледноПлазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес