Шампионски ден е денеска за сите во РК Вардар и неговите фанови. Имено денеска во “Јане Сандански“ во Скопје се игра меч од последното коло од тековната сезона во која новиот шампион ќе го добие пехарот, и повеќе од заслужено.
Па така како што о доликува, раководството на некогашниот двоен европски првак ги повикува своите фанови да дојдат во што поголем број и заедно да се прослави уште еднаш титулата, но сега официјално.
За ова влезот во салата на овој меч ќе биде бесплатен, се со цел секој кој што сака да присуствува на денот во кој Вардар ќе биде крунисан за првак на Македонија во ракомет.
Натпреварот е закажан за 19 часот.










