По ноќното патување, машката сениорска репрезентација на Македонија од утринава е во Подгорица, каде утре и в петок во комплексот „Верде“ ќе одигра пријателски двомеч со Црна Гора, кој ќе биде финална проверка на силата пред настапот во Европската лига 2026.
Селекторот Јошко Миленкоски на располагање има 16 играчи, тројца техничари: Ѓорѓи Ѓоргиев, Давид Стојанов и Лука Ристоски, коректори: Никола Ѓоргиев и Кристијан Илијев, примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев и Тоше Ефремов, средните блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски и Митко Спасов, како и либерата: Костадин Ричлиев, Ване Арапов и Филип Јованов.
Репрезентацијата денеска ќе одработи еден тренинг во комплексот „Верде“ каде утре 17:30 часот, ќе го одигра првиот официјален пријателски натпревар со Црна Гора.










