Младата репрезентација ги стартуваше подготовките за дуелот со Бугарија

74

Македонскиот национален тим до 21. година денеска и официјално ги стартуваше подготовките за претстојниот пријателски дуел против соодветната селекција на Бугарија на гостински терен.

Истиот се игра во Софија, на 30 мај на стадионот Бистрица во 18:00 часот, а нашиот национален тим денеска имаше прозивка во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Попладнево пак, одржан е и првиот тренинг на стадионот во Автокоманда. Младите ќе тренираат во Скопје во следните три дена, а потоа на 29 мај заминуваат за Софија.

Од вчера е познато дека за овој собир откажа нашиот стандарден напаѓач од оваа генерација Димитар Трајков.

 

Претходно„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Кадетскиот шампион ќе биде промовиран во Скопје
СледноПознат составот и на Бугарија за дуелот со Македонија