Првиот контролен натпревар, од двата договорени со репрезентацијата на Косово, женскиот национален тим на Македонија ќе го одигра на домашен терен, в петок (29 мај), во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Вториот пријателски натпревар дамите го играат в сабота (30 мај) од 15 часот, но на гостински терен, во Скендерај.
Селекторот Милош Гавриловиќ ќе има можност да направи последна проверка на силата, на сите 16. репрезентативки кои ги има на располагање во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Истовремено овие натпревари треба да го донесат и финалниот пресек кога станува збор за 14-те одбојкарки кои ќе ја понесат тежината на престојните натпревари.










