Вечерва и официјално завршува сезоната 2025/26 во ракометната Суперлига. И завршува со стил, со дерби во Битола и тоа меѓу Пелистер и Алкалоид.
Оваа средба ќе има далеку поголемо резултатско значење за битолчани, кои со победа ќе завршат како втори и тоа пред Охрид, со оглед на тоа дека имаат подобар меѓусебен скор. Ова е од големо значење со оглед на тоа дека веројатно второто место ќе носи директен пласман во ЕХФ Европската Лига.
Се разбира дека Алкалоид си има свои сметки. Четата на стратегот Кирил Лазаров, како и секогаш, така и денеска на гостувањето кај Пелистер и тоа како има намера во целост да го искаже сиот свој квалитет и со тоа да се обиде да дојде до добар резултат.
Секако дека ова ќе биде дерби за ракометно уживање, Пелистер против Алкалоид за крај на сезоната.
Натпреварот се игра во салата “Боро Чурлевски“ со почеток од 18 часот.










