Македонија има светски вицешампиони во куглање

43
фото: Кугларска федерација на Македонија (FB)

Македонските куглари Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски испишаа историја со својот настап на светското првенство за играчи до 23 години, освојувајќи го сребрениот медал во натпреварите во дисциплината тандем микс. На шампионатот кој се одржа во Австрија, Алексаовска и Јовановски прикажаа одлични борби и демонстрирајќи квалитет, борбеност и ментална сила во клучните моменти дојдоа до второто место на подиумот.

Во првото коло тие беа убедливи против естонскиот пар со 2-0, додека во следната фаза го елиминираа романскиот тандем по нерешени 1-1, но со подобра реализација на пенали. Драмата продолжи и во полуфиналето, каде Алексовска и Јовановски повторно одиграа неизвесен меч против чешкиот пар. По резултат 1-1, победникот повторно беше решен на пенали, а македонското дуо уште еднаш покажа поголема присебност и избори пласман во финалето.

Во борбата за златниот медал, нашите куглари се соочија со силниот пар од Словенија. По напорниот турнир и серијата тешки натпревари, македонските претставници немаа доволно сили за уште еден подвиг и на крајот мораа да се задоволат со среброто.

ПретходноБолоња официјално му се заблагодари на Италијано, следува промоција во Наполи!?
СледноМатеа Димовска втора на Светскиот куп во Грција