Синот на Анчелоти го презема Лил

58

Синот на Карло Анчелоти, Давиде Анчелоти, ќе стане главен тренер на француски Лил.

Претходно, Бруно Женесио ја напушти тренерската позиција во тимот и беше поврзуван со трансфер во Монако.

Според „Фут Меркато“, а потврдено и од „Л’Екип“, претседателот на Лил, Оливие Летанг, постигнал договор со помладиот Анчелоти.

Давиде моментално е асистент на својот татко во бразилската репрезентација.

ПретходноЕлмас: Треба да се изградиме како тим пред септемвриските натпревари
СледноАтлетико: Не лажете, нема никаква понуда за Алварез