Матеа Димовска втора на Светскиот куп во Грција

136

Коњичкиот спорт во Македонија зема се поголем замав и секако, аналогно на тоа почнува да дава и адекватни резултати. И во обете конкуренции каде што имаме се повеќе натпреварувачи од најразлични конкуренции.

Па така, на огромно наше задоволство денеска 14. годишната Матеа Димовска од КК „Анималс“  – Скопје, успеа на Светскиот куп кој што се одржува во во Грција, во силната конкуренција од 34 натпреаврувачки од целиот свет да го освои импресивното второ место.

Димовска во дисциплината скокање до еден метар оствари второ време, 0/60.59 и заслужено беше дел од најдобрите на ова натпреварување.

 

Од друга страна пак, во конкуренцијата на сениорки, Леонида Гроздановска во дисциплината „Паркур 1.2 метри“, во конкуренција од 48 натпреварувачки од целиот свет, имаше исто така, второ време по ранкинг но за жал со четири казнени поени.

Со оглед на младоста на Матеа Димовска веруваме дека допрва од неа ќе гледаме настапи со кои што ќе се гордеат љубителите на коњичките спортови туку и цела Македонија.

 

 

ПретходноМакедонија има светски вицешампиони во куглање
СледноСедлоски пред дуелот со БиХ: Имаме наши амбиции, дојдовме по добар резултат