Страшна вест ја потресе Македонија: На 13 години загина фудбалер во трагична несреќа!

958

Страшна вест ја потресе Македонија. Голема трагедија во Куманово. Имено во трагична несреќа загина 13-годишно момче, фудбалер во помладите категории на ФК Куманово. Станува збор за Аган Асани од селото Черкези, кој додека возел тротинет бил удрен од автомобил на патниот правец Куманово – Скопје по стариот пат.

Оваа вест ја сподели и неговиот тренер Исмет Зеќири на социјалните мрежи:
“Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот 13-годишен играч, Аган Асани.Неговата загуба длабоко нè погоди како клуб, оставајќи голема болка кај неговите соиграчи, тренери и целото семејство ФК Куманово.
Во ова тешко време, им изразуваме најдлабоко сочувство на семејството Асани, роднините и пријателите.
Споменот на Аган секогаш ќе остане во нашите срца.
Нека почива во мир
“напиша Зеќири.

ПретходноСпектакл на „Кошево“: Македонија се “загрева“ за Лига Нации, а БиХ за претстојниот Мундијал!
СледноПелистер со емотивно збогум: Нашиот дом секогаш ќе биде и ваш дом! Наклон до под!