Ја испративме Босна на Мундијал со „нула“ во Сараево

475

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево на стадионот Кошево пред преполни трибини и прекрасна атмосфера одигра 0:0 против домаќинот Босна, која што се подготвува за настап на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

Она што го очекувавме тоа и го добивме од овој меч. Претпазлив домаќин кој што се воигрува и концентрира за она што следува, и Македонија која што сеуште се бара со новиот селектор Гоце Седлоски. И со состав, и со игра очигледно. Имавме свои моменти, но далеку од тоа дека ова е најдоброто што Македонија треба да го одигра. Имаме уште еден меч пред нас во Истанбул, против Турција на 1 јуни, па ќе видиме дали тогаш „Рисовите“ ќе покажат нешто повеќе, и дали ќе ја избегнат само ситуацијата на „спаринг партнер“ на терен.

Стартот на мечот беше онаков каков и што очекувавме дека ќе биде. Домаќинот со релативно комбиниран состав, од претпазливост пред се, сакаше но не и инститираше рано да поведе. Алајбеговиќ во стартните минути шутираше, а од блокот на Зајков, топката замина директно во дирекот од голот на Димитриевски. По ударот на Тахировиќ во 25. Минута, Алајбеговиќ повторно со обид по левата страна но Димитриевски на време реагира.

Миовски промаши ситуација „еден на еден“

Во 32. Минута катастрофална реакција на домаќинот. Еден обичен пас наместо во поле заврши во Растодер, а отпадокот директно во нозете на Миовски. Нашиот напаѓач, имаше ситуација „еден на еден“, проба да го лобува Зломислиќ и успеа во тоа. Сепак, топката не беше доволно брза, па Радељиќ спаси од гол линијата наше водство.

Баждар во две ситуации не се снајде најдобро

На спротивната страна пак, Самед Баждар во финишот на првото полувреме со глава го погоди десниот дирек од голот на Димитриевски. Само минута подоцна, истиот играч ја искористи грешката на Зајков, одзема топка, влезе во шеснаесеникот, но беше себичен и наместо да додава шутираше но беше изблокиран.

Мирно второ полувреме со многу измени

На стартот на вториот дел, домаќинот направи десет измени и со тотално нов состав го одигра продолжението од мечот. И ние менувавме, дебитираа на овој меч за А репрезентацијата, Аломеровиќ, Омерагиќ, Анѓелески.

Уударот на Мемиќ покрај голот во 51. Минута ги размрда малку нештата, а потоа се обиде и Демировиќ некаде на средината на полувремето.

Во 80. Минута директен удар од слободен удар од лево, незгодната топка не можеше Шипковски да ја скроти туку само со тело ја одби, а на наша среќа никој не реагираше доволно опасно за да примиме гол.

 

Босна – Македонија 0:0

Стадион Кошево

Гледачи: 30.000

Стрелци:

Босна: Зломислиќ, Дедиќ, РАдељиќ, Катиќ, Мујакиќ, Бајрактаревиќ,Тахировиќ, Гиговиќ, Баждар, Лукиќ, Алајбеговиќ

Македонија: Димитриевски (Шишковски 60), Муслиу (Манев 86), Велковски (Серафимов 60), Зајков (Фетаи 46), Херера (Аломеровиќ 46), Николов (Анѓелевски), Атанасов (Елези 46), Јанкулов (Чурлинов 46), Миовски(Ристовски 60), Растодер (Омерагиќ 46), Елмас (Алиоски 70)

 

 

ПретходноКако Партизан така и Ц. Звезда: Нестварно финале – за титулата ќе се борат Спартак и ФМП!
СледноВојна во Ла Лига: Атлетико Мадрид ги “промовираше“ Јамал, Педри и Рафиња!(ФОТО)