Одбојкарките поразени од Косово!

25
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Женската репрезентација на Македонија со 1:3 (25:23, 24:26, 16:25, 24:26) загуби од селекцијата на Косово во првиот пријателски тренинг натпревар, кој се играше попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија имаше убаво отворање со водство од 1:0 во сетови, и иако сите сетови се играа тесно и со многу осцилации, противникот успеја да се избори за комплетен пресврт. Во четвртиот сет имавме и сет-топка, 24:22, но не ја искористивме, по што следуваше казна и со 24:26 го загубивме сетот.

Селекторот Милош Гавриловиќ комбинираше константно со поставата и им даде шанса на сите 16. одбојкарки кои ги имаше во составот.

Вториот пријателски меч меѓу овие две репрезентации се игра утре (15 часот) во Скендерај, на Косово.

ПретходноПолн стадион и прекрасна атмосфера…. „Кошево“ ја дочека Македонија со „Љиљани“ од Халид Беслиќ
СледноПријателска: Македонија поразена од Црна Гора!