Пролет дома поразен од Куманово за крај на сезоната

15

Попладнево во меч од 10.и последно коло од плеј – аутот во ракометната Суперлига на Македонија, Пролет како домаќин доживеа пораз од составот на Куманово со 25:27.

Пролет беше подобар тим во првото полувреме и затоа имаше предност од 12:9, резултат со кој се замина на пауза.

Во продолжение од средбата, проследивме максимално израмнет дуел во кој на крајот ракометарите на Куманово подобро се снајдоа и заслужено триумфираа.

Ончев со 10 погодици беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај домашните тоа беше Стојановски со пет голови.

Ова беше последниот меч за двете екипи во сезоната 2025/26.

ПретходноОфицијална средба на Фудбалските Федерации на Македонија и Босна
СледноПотег за респект: Агон Елези доби овации од домашната публика во Сараево (ВИДЕО)