Голем пех за Македонија: Се повреди Љафтов, ја пропушта Европската лига?

137
фото: CEV.eu

На вчерашниот прв контролен натпревар против Црна Гора во Подгорица, еден од столбовите во играта на нашиот национален тим, Александар Љафтов заработил повреда. Според информациите од нашиот табор, во завршницата на третиот сет при еден доскок, Љафтов нагазил на ногата на еден од домашните одбојкари, кој под мрежата бил непрописно влезен во нашето поле. Настрада скочниот зглоб на Љафтов, кој денеска треба да направи дополнителни специјалистички прегледи за да се утврди тежината на повредата и точниот период на мирување и рехабилитација кој ќе треба да го помине.

Сепак, познавајќи ја тежината на ваквите повреди, во најлош случај Љафтов ќе треба да ја пропушти целата Европска Лига која е од исклучителна важност за нашата репрезентација, затоа што претставува и квалификациски дел за следното издание на Европското првенство во 2028 година.

Денеска во Подгорица, нашата селекција ќе одигра уште еден контролен меч со Црна Гора, по што ќе се врати во Македонија и ќе продолжи со тренинзи до првиот турнир од Европската лига кој ќе се одржи во Струмица од 5 до 7 јуни.

ПретходноСкалони ги отвори картите: Меси ја предводи Аргентина на уште еден мундијал
СледноОхриѓани подготвени за Татабања: Да испишеме историја за клубот