Миовски: Се воигруваме, и ваквите мечеви се одлични за да се подготвиме за она што следува

105

Македонскиот фудбалски национален тим вечерва во Сараево доигра 0:0 против домаќинот Босна во пријателски дуел, кој што за противникот е последен пред патот за САД, каде што ќе учевствува на претстојниот Мундијал.

Нашиот состав одигра релативно добар меч, во кој имавме шанси, но истите не ги искористивме. Бојан Миовски имаше зицер ситуација, но истата не беше валоризирана со гол.

„Имаме доста нови играчи. Во првите 45 минути мечот беше доста тврд. Имавме ние свои шанси, имаше и Босна но за жал не беа истите искористени. Се воигруваме, знаеме што следува, имаме доста нови играчи, нова формација, но мислам дека овој меч, таквите како овој противник се одлични за да се подготвиме за она што следува“ – изјави Миовски по мечот.

 

ПретходноВојна во Ла Лига: Атлетико Мадрид ги “промовираше“ Јамал, Педри и Рафиња!(ФОТО)
СледноСедлоски: Да дадевме гол, мечот ќе беше поинаков