Елези: Чест беше да се игра за Македонија во Сараево

78

Македонскиот фудбалски национален тим синоќа го одигра својот пријателски натпревар против Босна во Сараево. Дуелот заврши 0:0, а мина во прекрасна атмосфера создадена од домашната многубројна публика.

Истата е во тотална еуфорија со оглед на фактот што Босна за неколку дена заминува во САД да биде дел од претстојниот Мундијал, а вчера создаде атмосфера за почит.

Меѓудругото, срдечно го поздрави и нашиот репрезентативец Агон Елези кој што е дел пак од ФК Сараево, клубот кој што настапува на легендарниот стадион „Кошево“.

Громогласниот аплауз за Елези пред мечот значи многу за нашиот интернационалец, а тој пак преку социјалните мрежи денеска и јавно се заблагодари.

ПретходноЛуис Енрике: Ќе видиме кој е подобар и кој ќе го освои трофејот
СледноФилип Кузмановски: Сите ние сме Пелистер, викендов сме ФК Пелистер