Филип Кузмановски: Сите ние сме Пелистер, викендов сме ФК Пелистер

46

Фудбалскиот шампионат на Македонија викендов ја има својата завршница со бараж мечевите за опстанок односно влез во ПМФЛ шампионатот.

Дуелите Пелистер – Шкендија Арачиново, односно Брера – Скопје ќе ги дадат прволигашите за следната сезона, а во Битола атмосферата и тоа како се подгрева за дуелот кој инаку се игра утре во Кавадарци со почеток од 16:30 часот.

Во еуфоријата по повод овој меч, се вклучи и ракометниот клуб Е.Пелистер, кој што преку својот капитен, Филип Кузмановски испрати порака за фудбалерите на пелистер.

„Нашето спортско семејство викендов пулсира со фудбалерите на Пелистер. Од името на ракометарите на Е.Пелистер и мое лично име им испраќаме максимална поддршка на фудбалските браќа, на бараж дуелот в недела“ – се вели во објавата.

ПретходноЕлези: Чест беше да се игра за Македонија во Сараево
СледноИнтер се засилува со млад репрезенативец на Италија