Македонскиот кошаркарски репрезентаивец Ти-Џеј Шортс во следната сезона ќе го носи “црвено – белиот“ дрес на Ц.Звезда, на српскиот гигант од Белград.
Како што се најавува во тамошните медиуми, но и меѓу инсајдерите, Шортс веќе е во Белград каде се водат завршни преговори со “црвено – белите“. Ова го потврдуваат и медиумите во Грција со оглед на тоа дека Шортс во изминатата сезона беше дел од Панатинаикос, но и тој и самиот негов досегашен клуб не можат се пофалат дека имаа успешна сезона.
Очекувањата беа поионакви ако се знае дека повремениот македонски репрезентативец во Атина дојде како голема ѕвезда.
Изминатите денови се пишуваше дека за Шортс заинтересиран бил и Хапоел, па и Партизан, сепак се чини дека Ц. Звезда била најбрза.
Интересно е тоа што навивачките форуми на клубот од Калемегдан известуваат дека тој веќе е нов кошаркар на нивниот клуб.










