ПСЖ го “поздрави“ Килијан Мбапе!

325
ФОТО:facebook.com/PSG/

Јасно е дека вечерва на никого во ПСЖ не му е да мисли и помислува на тоа што беше во летото 2024 година кога Килијан Мбапе си замина од Париз и се пресели во Реал Мадрид. Но…

Ретко кој помислуваше, а посебно фановите на сега веќе двојниот европски првак, дека после две години ќе случи ова и тоа без Мбапе.

Најдобриот француски фудбалер замина во Мадрид да освојува трофеи во Лигата на Шампионите сметајќи дека ПСЖ сепак е “мал клуб“ за него.

И што се случи?

Во тие две години славниот Мбапе нема ниту еден трофеј со Реал Мадридм, да не говориме за пехари во ЛШ, а тој ПСЖ веќе двапати се перчи како најдобар тим, најдобар клуб во Европа.

Очигледно е дека Луис Кампос (спортски директор), Насер Ал – Келаифи (претседател) и Луис Енрике (тренер), сите тројца на насловната фотографија, знаеја што треба да се прави, посебно знаеше Енрике кој кога си замина Мбапе, едноставно рече дека сега ПСЖ ќе биде многу посилен.

Еве, неговите зборови се обистинија.

Да, ПСЖ и тоа како го “поздрави“ Килијан Мбапе…

ПретходноМартин Томовски блескаше против поранешниот тим
Следно“Македонецот“ Ти-Џеј Шортс пред промоција во Ц. Звезда!