Вардар го раскина договорот со фудбалерот кој му донесе Куп титула

248

Вардар спогодбено ги раскина договорите со чуварот на мрежата Ведран Ќосевски и со офанзивецот Михаил Талевски. И двајцата фудбалери си заминуваат од таборот на „црвено-црните“ како слободни агенти, потврдија од клубот.

Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера настапуваше и за ирански Естегал, како и за босанските Вележ од Мостар и Железничар.

Талевски дојде минатото лето од Пелистер и беше херој на тимот, ги постигна двата гола против Струга ТЛ во Купот на Македонија. Претходно беше дел од Работнички и вториот тим на Осијек.

ПретходноЛШ финале – ПСЖ VS Арсенал: Најдобриот во Европа против најдобриот во Премиерлигата! (ФОТО)
СледноИсториски момент: Катерина Ацевска е прва на светската ранг листа во џиу-џицу