Утре македонската фудбалска сезона и официјално го има својот крај, со бараж дуелите за опстанок односно пласман во ПМФЛ конкуренцијата.
Пелистер како што е добро познато оди на дуел со тимот на Шкендија од Арачиново, а истиот се игра во Кавадарци со почеток од 16:30 часот.
Битолачани ниту во сон не помислуваат да се враќаат во втора лига, па токму затоа во градот неколку дена сериозно се „билда“ атмосферата околу овој меч.
Популарните Чкембари планираат голем навивачки карван накај Кавадарци, а таму секако ги чекаат подготвени и нивните „браќа“ по навивање, популарните „Лозари“ Кавадарци.















