Ова се екипите кои следната 2026/27 сезона ќе играат во ПМФЛ!

684
ФОТО: FFM.MK

Откако попладнево се одиграат двата баражи за пополнување на елитата за сезоната 2026/27, сега веќе нема дилеми. Познати се сите десет клубови кои ќе играат во елитата.

Тоа се Вардар, Шкендија Тетово, Струга ТЛ, Силекс, Тиквеш, Башкими, Арсими, Брегалница, Скопје и Шкендија Арачиново.

Ова значи дека дури пет екипи кои изминатава сезона играа во ПМФЛ, во следната ќе играат во ВМФЛ.

Интересно, денеска и на двата баражи победија “прволигашите“.

Шкендија Арачиново испиша историја, додека Пелистер и дефинитивно ќе игра во втората лига.

Ова секако е голем шок за сите во фудбалска Битола, но тоа е тоа. Пелистер денеска во Кавадарци беше шокира, се “извади“ во 90+8.минута, но во пенал серијата едноставно не можеше против Столевски, херојот на тимот од Арачиново, голманот на Шкендија.

ПретходноКаква драма: Шкендија (А) преку пенал – серија во ПМФЛ, Битола сега е ВТОРОЛИГАШКИ ГРАД!
СледноТетекс со 9:0 го прегази Влазними: Познати се сите 14 екипи кои следната сезона ќе играат во ВМФЛ!