Ојлески: Се договоривме дека мора да го оставиме срцето на терен и испишавме историја!

610
фото: ГРК Охрид (FB)

Охрид вечерва испиша нова страница од клупската историја. Освоен е првиот историски пехар и тоа во рамките на европските купови. Играчите по натпреварот не го криеја задоволството и радоста од големиот успех.

„Ова е еден голем ден за Охрид и за сите нас во клубот. Голема победа, историја. Ова беше голем успех против една ваква Татабања, која е многу квалитетна. Во двата меча победивме и покажавме дека сме поквалитетни. Верувавме во нас. Се договоривме дека мора да излеземе и да го оставиме срцето на терен. Навивачите ни беа голема поддршка, не вратија по оној пад кој го имавме и не не оставија да паднеме. Се боревме до крај и успеавме“, вели искусниот репрезентативец, Ојлески.

ПретходноОд сон до трофеј – „гладијаторите“ на Охрид (ФОТО)
СледноПилиповиќ: Горд сум што бев дел од оваа фантастична приказна! Охрид ти благодарам!