Парондо ја освои Европската лига со екипата на Мелсунген

169
фото: MT Melsungen (FB)

Ракометарите на германски Мелсунген предводени од поранешниот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, славеа над Кил во големото финале на ЕХФ Европската лига и успеаја да дојдат до големиот трофеј. Во меч кој донесе голема драма, мелсунген на крајот за гол беше подобар од своите бундес-ривали, 24:23, и успеа да се искачи на шампионскиот подиум.

Со овој успех, Мелсунген сега гледа кон учество и во Лигата на шампионите.

Екс-вардарецот Криштопанс со 4 гола го предводеше Мелсунген до победата. По три гола постигнаа и Мандиќ, Менсинг и Кастенинг.

ПретходноСериозноста на повредата потврдена: Македонија без Љафтов во Европската лига
СледноАко Рикелме победи на изборите: Халанд потпишува за Реал, а Артета ќе биде на клупата?!