Ако Рикелме победи на изборите: Халанд потпишува за Реал, а Артета ќе биде на клупата?!

137
ФОТО:facebook.com/mancity

На 7 јуни ќе се одржат изборите за претседател на Реал Мадрид. Флорентино Перез по долго време има сериозна конкуренција во младиот 37-годишен милијардер и бизнисмен Енрике Рикелме.

Јасно е дека Дон Флорентино е фаворит за победа и за нов мандат, сепак треба да се почека до 7 јуни.

А дека Рикелме сериозна влегува во трката доказ се последните вести од Мадри кои велат дека тој ветува големи работи на избирачите.

Имено ветува дека ќе ги потпише Ерлинг Халанд, ма колку и да чини Норвежанецот, а сензација е тоа што ветува дека ако тој биде избран нов тренер на Реал Мадрид ќе биде никој друг туку Микел Артета, актуелниот стратег на Арсенал кој оваа сезона конечно ја освои титулата во Премиерлигата, но вчера го загуби финалето во Лигата на Шампионите од ПСЖ.

ПретходноПарондо ја освои Европската лига со екипата на Мелсунген
СледноПОЛУВРЕМЕ: ГРК Охрид остана без важен играч, но има минимална предност