ПОЛУВРЕМЕ: ГРК Охрид остана без важен играч, но има минимална предност

91
Фото: ГРК Охрид

Вистинска драма е во СЦ „Билјанини Извори“. После првото полувреме ГРК Охрид има позитива од еден гол против Татабања (12-11) во реванш финалниот меч во ЕХФ Европскиот Куп.

Пилиповиќ со втората одбрана не дозволи Татабања при 2-3 да поведе со плус два. После неколку нереализирани напади на двете страни, ГРК Охрид успеа да го сврти мечот и да поведе со плус три 7-4 во 14-тата минута. Андо влезе во серија на одбрани, но неговиот тим не го користеше тоа. Македонскиот тим имаше и 8-5, со тоа што пропушти шанса да поведе со поголема разлика. Гостите со серија од 4-0 го запишаа второто водство на мечот (8-9) во 23-та минута. Ова беше период во кој Прибетиќ доби две минути исклучување, а Иванковиќ заработи директен црвен картон, додека Андо царуваше.

Пилиповиќ влезе во ритам, но неговите момци не го користеа тоа максимално, но најважно неговиот тим го врати водството (12-10). На одморот е 12-11.

Голманот на Татабања, Андо е во вистинска форма, има 11 одбрани. Додека Пилиповиќ има 10 одбрани.

ПретходноАко Рикелме победи на изборите: Халанд потпишува за Реал, а Артета ќе биде на клупата?!
СледноЦелото раководство и стручниот штаб на Пелистер поднесоа оставки