Целото раководство и стручниот штаб на Пелистер поднесоа оставки

346

Битолски Пелистер следната сезона се сели во второлигашко друштво. По катастрофата во денешниот бараж со Шкендија (А), следуваше и клупско соопштение во кое се вели дека комплетното раководство поднесува оставка.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат. Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати. Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење. Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на ФК Пелистер“, се вели во соопштението.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: ГРК Охрид остана без важен играч, но има минимална предност
СледноВо Шкендија (А) се слави и со знамето на Македонија