Само Арда Ѓулер е фит од ѕвездите – Турција со „резервите“ ќе ја нападне Македонија!

236
Фото: ТФФ

Турскиот селектор Виченцо Монтела се обидува да има свеж и здрав тим за Мундијалот и затоа многумина од играчите кои имаа напорна сезона за своите клубови работат под посебен режим. Од супер ѕвездите на Турција се чини дека само Арда Ѓулер од Реал Мадрид ја има потребната свежина и форма со оглед на тоа дека Кенан Јилдиз од Јувентус, Керем Актуркоглу (Фенербахче) и Хакам Чалханоглу од Интер имаат посебен режим и тренираат одделно од екипата.

На ситни повреди се жалат и фудбалерите Ферди Кадиоглу и Мустафа Ескихелач. Тоа е најава дека сите овие може и да бидат гледачи на дуелот со Македонија па така Монтела да им даде шанса на играчите кои се во втор план. Главниот тест пред настапот на Мундијалот Турција ќе го има на 7 јуни на Флорида каде игра со селекцијата на Венецуела додека првиот меч на СП го играат со Австралија на 14 јуни.

ПретходноБаражи за ПМФЛ: И Кавадарци ќе “дише“ за Пелистер, Брера и Скопје на мегдан во Битола
СледноСите патишта водат кон „Билјанини Извори“: Охрид е подготвен да испише историја!