Сериозноста на повредата на еден од најдобрите македонски одбојкари Александар Љафтов е потврдена. Според последните информации тој има дисторзија и скинати лигаменти на скочниот зглоб, повреда која бара долга рехабилитација. Тоа практично значи дека селекторот на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски, останува без еден од клучните одбојкари за претстојното издание на Европската лига, кое годинава има и квалификациски карактер за пласман на ЕвроВолеј 2028.
Љафтов заработи сериозна повреда на првиот спаринг дуел со Црна Гора во Подгорица, поради што не можеше да настапи и на вториот дуел со Црногорците кој го загубивме. Миленкоски сега ќе мора да составува нова стратегија за претстојните дуели во силното репрезентативно натпреварување и да се надева дека Љафтов ќе успее навреме да се опорави барем за августовските подготовки пред настапот на Европското првенство во Бугарија овој септември.










