Сер Алекс Фергусон му честиташе на ПСЖ, а го исмеа Арсенал!

396
ФОТО:facebook.com/manchesterunited/

Поранешниот легендарен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, му честиташе на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, по победата на Парижаните над Арсенал по изведувањето на пенали со 1-1 и 4-3 во финалето на Лигата на шампионите, а воедно ги критикуваше и „топџиите“.

По триумфот на ПСЖ во саботата навечер, Сер Алекс Фергусон, кој го освои турнирот двапати во 1999 и 2008 година, му испрати порака на Насер Ал-Келаифи. Во неа, шкотскиот менаџер го критикуваше дефанзивниот стил на игра на Арсенал.

Насер, овде е Алекс Фергусон. Браво, беше тешка вечер за тебе, но играше против здодевен тим кој само се бранеше. Уживај во одморот, го заслужуваш“, пишуваше во пораката на Шкотланѓанецот. Арсенал на Арсен Венгер беше еден од најсериозните противници на Сер Алекс во поголемиот дел од неговата кариера на чело на Манчестер Јунајтед.

ПретходноСекоја чест за битолчани: Почивај во мир Аган! (ФОТО)
СледноБаражи за ПМФЛ – полувреме: Без голови во Кавадарци и Битола!