Македонските репрезентативци вечерва го одржаа официјалниот тренинг на стадионот во Истанбул, каде утре против Турција ќе одиграме уште еден пријателски меч.
По ремито во Сараево, момците на Гоце Седлоски сега имаат уште еден ривал кој се подготвува за Мундијалот. За нашата репрезентација ова е одлична можност да ги потврдиме квалитетите на тимот за есенскиот старт на Лигата на нации.










