ГРК Охрид е вториот македонски тим кој успеал да го освои пехарот во ЕХФ Европскиот Куп после Алкалоид, кој тоа го стори минатата сезона. Езерскиот клуб вечерва со одлична игра во второто полувреме дојде до доминантна победа против Татабања и испиша историја – го освои првиот европски пехар.
На адресата на ГРК Охрид пристигнуваат бројни честитки, од политичари до клубови, и спортски личности.
Една од главните честитки е токму од Алкалоид, кој му посака добредојде на ГРК Охрид во специјалното друштво.
Меѓу првите кои ја честитаа европската титула беа премиерот, Христијан Мицкоски и Александар Николовки, вицепремиер и министер за транспорт.










