Каква „бомба“ од Маракана! Нашиот Трпески со првиот тим на подготовки

427

Иако има само 16 години, Лука Трпески се најде на списокот на фудбалери на Црвена Звезда кои одат на подготовки пред стартот на новата сезона. Тренерот Дејан Станковиќ на 15 јуни тргнува со тренинзите а дел од ѕвездите на Звезда ќе биде и нашиот мега талент. Тој минатата година потпиша професионален договор со најголемиот клуб во регионов и веќе има неколку тренинзи со првата екипа, но на тренинзите во Белград.

Лука Трпески кој претходно имаше настапи за Шведска, пред извесно време се одлучи да настапува за Македонија (иако на некои самобендисани експерти тоа не им е мило), и играше во квалификациите за селекцијата до 17 години каде исто така остави силен впечаток на силните дуели со Франција и Германија.

Но, ….

Ако тренерско име како Дејан Станковиќ и клуб како Црвена Звезда одлучиле да го земат на подготовки со сениорите, ако е дел со најдобрите во најдобро организираниот клуб во регионот и клуб кој секоја година вади милиони од млади играчи, тогаш како е можно овој супер талент деновиве да не настапи за ниту една наша национална селекција. Тој мора и треба да биде веќе со играчите до 21 година – истите оние кои вчера загубија кај Бугарија на тест меч со 1:0.

Но,Станиќ таму наместо да подмладува и да бара нови регрути, ние си одиме со оние кои веќе имаат загубен квалификациски циклус кој е актуелен и кој трае до крајот на годинава.

А го немаше Лука Трпески и кај Димитар Капинковски.

Тој загуби срамно два меча со Словенија и тоа дома во Струмица со 2:1 и 4:0 со селекцијата до 19 години. Се жалеше дека не му играле неколку стандардни играчи. Оставен сам во тој хаос во Струмица без ниту еден од многуте директори, скаути, експерти и советници во ФФМ. Тука е нашиот проблем со децата, со селекциите и со селекторите.

Селектираат тоа што не треба, наместо тоа што вреди.

ПретходноКонте си кажа: 15 милиони евра годишно, плус 5 милиони за титула!
СледноМонтела: Ја избравме Македонија зошто игра слично како Австралија!