Чалханоглу и Јилдиз ќе играат, ама „рап“ на полувреме

160

Како што и беше најавено така и се случи. Винченцо Монтела со „резервите“ вечерва ќе и се спротивстави на Македонија во пријателскиот меч со Турција кој се игра на стадионот на Фенербахче од 19.30 часот. Капацитетот на стадионот изнесува 50.530 седишта и истиот е распродаден, а навивачите на Турција на оваа средба ќе ги испратат своите миленици на пат за Америка каде ќе настапат на престојниот Мундијал.

Иако ги нема во записникот, капитенот Хакан Чалханоглу од Интер, Јилдиз од Јувентус, Челик од Рома и Актуркоглу од Фенербахче… ќе играат вечерва на дуелот Турција и Македонија но на полувремето. Имено фановите се тука за ѕвездите а ѕвездите ќе играат со раперите Мурда и Меро кои ќе одржат мини концерт.

Тој момент би требало да биде и најинтересниот од денешниот спектакл во Истанбул. Во стартниот тим Турција има само еден играч кој во март настапи со Косово кога оваа селекција избори пласман на СП по две децении. Станува збор за Кокчу а од ѕвездите но на клупата за резерви е само Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

ПретходноМакедонија против Турција стартува со Миовски, Елмас и Омерагиќ во нападот
СледноФК Пелистер со големо ФАЛА: Благодарност до цела Македонија за поддршката кон Пелистер