Шкендија Арачиново е чудо – за три години од Општинска лига до ПМФЛ!

139

Секако дека тема на разговор во мак-фудбалот веќе втор ден е она што се случи во Кавадарци на бараж мечот за пласман во елитата. Како прво тоа што Пелистер, иако важеше за голем фаворит, загуби од Шкендија Арачиново и испадна од ПМФЛ, а како второ тоа што го направи тимот од Арачиново со пласманот во елитата.

Тоа беше епски бараж, еден од најинтересните и највозбудливи баражи и мечеви воопшто во историјата на мак – фудбалот.

Меч кој не беше за тие со слабо срце.

Шкендија Арачиново направи чудо, и не само поради тоа што славеше против еден тим како Пелистер, туку и поради една друга работа.

Имено, овој клуб за само три години мина од Општинска лига до елитата во мак – фудбалот, и се преку баражи.

Во 2024 година во баражот за пласман во Трета лига, Шкендија (А) славеше против тимот на Кул.

Во 2025 година, минатиот јуни, Шкендија (А) славеше во баражот за пласман во ВМФЛ и тоа против Осогово со 2:1. Подоцна и тимот од Кочани остана во ВМФЛ со помош на ждрепка со оглед на тоа дека ги немаше Гостивар и Воска кои во таа сезона играа во ПМФЛ.

И вчера, Шкендија Арачиново баражот за пласман во ПМФЛ, успеа на пенали да го победи Пелистер и со тоа да испише историја. За првпат да игра во фудбалската елита на Македонија.

Чудо невидено, ете тоа е Шкендија Арачиново, тим кој во следната 2026/27 сезона ќе игра против Вардар, Шкендија Тетово, Струга ТЛ, Силекс, Тиквеш, Брегалница и другите тимови од ПМФЛ.

ПретходноПродолжуваат активностите во рамките на меѓународниот проект „iRecover“
СледноУжасна вест: Легендарниот Кевин Киген има рак во четврта фаза!