Завршница на ФФМ Детска лига

99

Викендов, на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“, се одржа финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за натпреварувачката сезона 2025/2026.

На завршниот турнир учествуваа 96 екипи, победници од седумте региони во рамки на ФФМ Детските Лиги, кои во текот на сезоната активно се натпреваруваа во своите региони во периодот од септември 2025 до мај 2026 година.

Во текот на трите натпреварувачки дена, повеќе од 1.500 млади фудбалери на возраст од 7 до 13 години ги бранеа боите на своите клубови. Беа одиграни вкупно 96 натпревари, а беа добиени шампионите во шест натпреварувачки категории.

Шампиони и вицешампиони:

Генерација 2013: ФК Албарса – шампион, ФК Шкупи – вицешампион

Генерација 2014: ФК Јанг Тим – шампион, ФК Парк – вицешампион

Генерација 2015: ФК Парк – шампион, ФК Бутел – вицешампион

Генерација 2016: ФК Александро – шампион, ФК Форца – вицешампион

Генерација 2017: ФК Шкупи – шампион, ФК Азури – вицешампион

Генерација 2018: ФК Шкупи – шампион, ГФК Неготино – вицешампион

Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до сите екипи учесници, нивните тренери, родители и поддржувачи, како и до сите лица вклучени во организацијата на настанот, кои со својот професионален однос и посветеност придонесоа за успешно реализирање на финалниот турнир и дополнително подигнување на нивото на натпреварувањето.

Воедно, ФФМ им се заблагодарува и на сите 154 клубови учесници во ФФМ Детските Лиги во текот на сезоната 2025/2026. Нивниот придонес, заедно со илјадниците млади фудбалери, овозможи најголем раст на натпреварувањето од неговото основање до денес и претставува потврда за континуираниот развој на младинскиот фудбал во Македонија.

Во продолжение можете да ги погледнете сите резултати од финалниот турнир и добитниците на индивидуалните признанија.

          

ПретходноГубиме на полувреме во Истанбул: Турција ја покажува силата против Македонија (ВИДЕО)
СледноСе чека само “ДА“ на Обрадовиќ!