Ќе биде “жешко“ во Истанбул: Македонија на Седлоски на силна проверка против Турција!

370
ФОТО:FFM.MK

Вечерва од 19:30 часот на култниот стадион “Шукур Сарачоглу“ во Истанбул, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе одигра пријателска средба со домашната репрезентација на Турција.

Ако во петокот од “Кошево“ ја испративме БиХ, со тие 0:0, на Мундијалот, вечерва тоа ќе го направиме и со Турција. И оваа селекција предводена од Винченцо Монтела, ќе игра на СП кое почнува за десет дена, додека ние се подготвуваме, проверуваме, градиме тим за тоа што следува од септември па натаму, за Б Лигата на Нации.

Таква ни била судбината, што се вели.

Сепак, знае добро селекторот Гоце Седлоски дека само со дуели против вака силни репрезентации можеме да видиме до каде сме, да го подобриме тоа што е добро, а да го отфрлиме тоа што не чини.

Проблемот е во тоа, тоа го најави самиот вчера на пресот, дека и Монтела како и Барбарез пред три дена во Сараево, ќе игра претежно се “резервите“ и дека ќе ги чува главните сили од страв од евентуални повреди.

Но, тоа е негова работа.

Ние треба нашето гајле да си го гледаме. Јасно е дека ќе биде „жешко“ на стадионот кој е дом на Фенербахче, билетите одамна се распродадени, значи нема да биде едноставно да се игра против било каква Турција. За нас е многу важно да покажеме добар фудбал, да одиграме за својата репрезентација, својата земја, да покажеме дека има надеж за многу подобро утре.

Треба да се даде максимумот, треба да одигра најдобро што може, а резултатот ќе си дојде сам по себе.

ПретходноРК Пелистер го претстави Червар: “Овој клуб е најголемото ракометно име во Македонија“!
СледноБаражот меѓу Струга и Младост ќе се игра во Скопје!