Нов шок: И трета легенда на Ливерпул има проблеми со рак! (ФОТО)

157

Нова шокантна вест од Англија. Легендата на Ливерпул и Англија, Џон Барнс, открит дека се борел со рак на простата.
Барнс, кој сега работи како стручен коментатор за спортскиот гигант ESPN, рече дека неговата простата е отстранета откако неговите деца инсистирале да оди на преглед. Зборувајќи отворено за Times Radio, тој нагласи дека темата е сè уште табу за многу мажи.
Џон Барнс има силна порака до сите мажи да ја надминат својата срамежливост и отворено да зборуваат за своите здравствени проблеми.
“Мажите треба да стиснат заби, да ја проголтаат гордоста и да признаат ако имаат проблеми. Затоа е добро што оваа тема излегува на виделина“ уверува Барнс, и вели дека сега е во добра здравствена состојба:

Добро сум. Го следам мојот PSA (простата-специфичен антиген) и сè е во ред. Проблемот е што многу мажи не сакаат да го признаат тоа или да се лекуваат затоа што тоа ги прави да се чувствуваат помалку мажи“.
Шокантната вест доаѓа откако уште две големи личности во историјата на Ливерпул – Сер Кени Далглиш и Кевин Киген – исто така открија дека се бореле со подмолната болест.
Поранешниот селектор на Англија, Кевин Киган, е примен во болница откако страдал од постојани абдоминални симптоми. Сер Кени Далглиш, кој е широко познат како еден од најголемите играчи на сите времиња, објави на социјалните мрежи дека неговото лекување оди добро.

ПретходноОва не се одбива: ПАО му нуди на Обрадовиќ најголем договор во историјата на европската кошарка!
СледноПоследни вести од Шпанија: Јамал ќе биде спремен за стартот на СП!