Нема дилеми дека Гоце Седлоски е тренерот кој ја одбележа сезоната 2025/26 која штотуку заврши. Седлоски со Вардар ја освои титулата, па така по пауза од шесет години тој и неговите играчи го вратија најтрофејниот клуб на Македонија повторно на тронот.
Седлоски сега веќе не е тренер на Вардар и официјално, само што заврши сезоната, откако и се израдува на титулата сега сите мисли ќе му бидат кон репрезентацијата.
Седлоски и Вардар имаа силна конкуренција во Шкендија и Струга ТЛ, во есенскиот дел тука беше и Силекс. Најкритично за него беше по оној пораз од Шкендија на ФФМ оваа пролет, кога се чинеше дека Вардар и оваа година ќе остане без пехарот. Сепак, тој брзо го врати тимот на вистински колосек и ги искористи сите оние киксови на тетовци на свој терен.
И затоа на крај се радуваше на својата нова титула, четврта како тренер, три со Вардар и една со Шкупи. Има уште две како спортски директор на Вардар.















