Непријатна вести попладнево доаѓаат од седиштето на ЕХФ. Имено и официјално ЕХФ потврди дека е покрената истрага поради расистички навреди на финалето во Охрид меѓу ГРК Охрид и Татабања во салата “Билјанини извори“.
Да потсетиме дека нашиот претставник и во тој меч беше подобар од унгарскиот тим и го освои пехарот во ЕХФ Европскиот Куп.
А еве што се вели во соопштението на ЕХФ:
“Европската ракометна федерација е свесна за инцидентот на финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ во недела, помеѓу ГРК Охрид и МОЛ Татабања, во кој наводно се случил расистички навредување од трибините насочено кон играчот на Татабања, Баптист Даматрин.
ЕХФ нагласува дека нема место за расизам во европскиот ракомет и како организација ги осудуваме сите форми на расизам, дискриминација и нетолеранција.
Секое такво однесување против играч, службено лице и гледач не се толерира.
Последователно, Европската ракометна федерација одлучи да покрене истрага за наводите за да утврди дали треба да се поведат законски постапки.“










